(ФОТО) Богдана влезе во деветти месец: Сопругата на Вељко Ражнатовиќ уште малку ќе се породи

Вељко Ражнатовиќ и неговата сопруга Богдана едвај чекаат да се остварат во улогата на родители. Сопругата на синот на Цеца е во деветтиот месец од бременоста, а емотивното видео со неа го објави нејзината сестра Бојана.

Како што може да видите, Богдана се чувствува супер во последните денови од бременоста, а крај себе има слатко куче.

- Љубов моја денеска влезе во деветти месец! Уште само малку- напиша Бојана Родиќ.

Вељко откри детали за бременоста на Богдана.