Вељко откри детали за бременоста на Богдана: Секогаш сум тука за неа

Добивај вести на Viber

Синот на Светлана Ражнатовиќ следната година ќе стане татко, а неговата сопруга Богдана како што откри, преживува бременост како и сите останати идни мајки.

Имено Вељко и Богдана, кон крајот на минатиот месец го изговорија судбоносното „да“, а сега го чекаат своето прво дете, за кое неодамна дознаа дека е момче, а ќе го носи името по таткото Жељко Ражнатовиќ- Аркан.

- Јадеме се, малку се жалиме понекогаш, но се тоа е нормално. Хормони- раскажа Вељко за својата бремена сопруга.

Тој додаде дека се уште не почнале да ја уредуваат собата за бебето.

- Уште е рано да се подготувавме, имаме многу мали браќа и сестри, сите се мали, така што имаме се што ни треба- и креветче и се- ние сме поготвени за тоа- додаде тој.

На прашањето дали му е тешко да станува навечер доколку на Богдана ѝ затреба помош или ѝ се пријаде нешто, Вељко одговори тоа не му е воопшто тешко.

- Не ми е ништо проблем, секогаш сум тука за неа. Немам трема, едвај чекам да станам татко- заклучи тој.