(ФОТО) Ќе те паметиме како цар од тетин: Пеце Суперхикс се прости со свој драг човек

Музичарот Петар Младеновски или познат како фронтменот на групата „Супрехикс“ на својот профил на Фејсбук се прости од својот починат тетин со емотивна порака.

„Не успеавме да го видиме Дамаск заедно а се договаравме. Војната не спречи ама стоеше во план. Уште ги чувам зачините што ми ги донесе од таму. Не те држеше место до последно..дали до Истанбул, Дамаск или до Германија со бус..неважно."Кај скиташ бе Течо Идо?Корона е.- Ооо Пеци, Еве бе само суџук да земам..Види ми што пишува тука по Халал ли е?"

Лесна ти земја Еди Дебси. Ќе те паметиме како цар од тетин.“