Моден фокус // Шминка
(ФОТО) НЕПРЕПОЗНАТЛИВА: Адриана Лима блесна на црвениот килим
Топ-моделот Адриана Лима која оваа сезона ја видовме во фантастични изданија на црвениот килим повторно го украде шоуто. Славната Бразилка овојпат блесна на доделувањето на наградите Daily Front Row Fashion Awards кое се одржа во Лос Анџелес.
Манекенката за оваа пригода одбра впечатлив, помалку екстравагантен фустан на Оскар Де Ла Рента, но сите зборуваа за нејзниот мејкап. Со интензивно нагласениот ајлајнер Лима делуваше непрепознатливо за многумина и уште еднаш докажа дека е вистински камелеон во модната индустрија.