(ФОТОГАЛЕРИЈА) Заврши „Макфест“ 2022: Дамите очекувано блеснаа на сцената

Добивај вести на Viber

Заврши 37-мото издание на музичкиот фестивал „Макфест“. На ревијалната вечер се претставија 18 изведувачи со своите композиции. Некои од овие песни ќе се вртат по радио станиците во земјава, во дел од нив ќе се пронајдат многу од слушателите, а бидејќи „Макфест“ е фестивал од кој настанале многу македонски евергрини, кои се слушаат со години очекувано е некоја од песниве кои годинава за прв пат се слушнаа на овој музички фестивал да прераснат во хитови.

Домаќини на ревијалната вечер беа повторно Димитар Атанасовски и Мариана Станојковска, но како презентери на сцената се појавија и Лила Филиповска, Борко Ристовски и Миланка Рашиќ. 

Дамите очекувано блеснаа на сцената, Тамара носеше црвен долг фустан, Лоба воодушеви во црно-бела комбинација, Лила ја остави без здив публиката кога на сцената се појави во зелена свечена тоалета... имаше секакви стилови, па оставаме сами да процените кој ви се допадна или не ви се допадна.

Фото: В. Тануровски

ГАЛЕРИЈА: