Газдите видоа како е да се работи во недела, и веднаш се пишманија: ССМ со жестока реакција до Економија што трговските објекти ќе работат во недела во туристичките места

Сојузот на синдикатите на Македонија со остра реакција до Министерството за економија, зошто го менува законот со кој трговските објекти на мало ќе смеат да работат во недела. 

„Министерството за економија веќе им овозможи на газдите сами да работат во недела во туристичките места и во трговијата на мало и треба да биде потсетено дека водејќи грижа за работниците и нивните семејства и нивното неприкосновено право на заштита на човековото достоинство и семејни врености, водени од тоа дека работниците и граѓаните може и треба во својство на туристи да ги посетуваат нашите туристички места и да уживаат во нивните убавини, со измената на Законот за трговија и Законот за работни односи, ССМ и другите социјални партнери по пат на социјален дијалог обезбедија најголем број од работниците, вклучително и на работниците во трговијата, да бидат слободни и да не работат во недела, а газдите да работат.

Не смее заради тоа што газдите почувствуваа што значи да се работи во недела да им се ускрати таквото право, и повторно да се дозволи работниците да им работат, а тие да одмараат“, децидни се од ССМ.

Продолжува на Фактор.мк