Главата горе, не сте вие виновни: Моќна порака на девојка чија фотографија се најде во „Јавна соба“
Оваа храбра девојка, одлучи гласно и јавно да зборува за нејзината фотографија, којашто се нашла без нејзина дозвола на „Јавна соба“.
„Денес жртва на јавна соба сум јас, утре може да бидеш ти!!!“, оваа е натписот на Ана од Кавадарци кој таа го стави во описот на видеото што го сподели, обраќајки се до сите девојки и жени кои се нашле и може да се најдат на „Јавна соба“.
Таа, на својот Инстаграм профил сподели видео во кое објасни како нејзина фотографија која била направена на летен одмор, без нејзина дозвола била споделена на „Јавна соба“, дека користеле нејзини лични податоци и личен број од телефон. Храбрата девојка им се обрати на сите девојки, дами кои биле злоупотребени по овој или друг начин, и им порача дека не се тие виновни, да не дозволуваат оваа да им влијае на животот, да паднат психички, да си го променат целиот свој живот. Виновни се тие вели таа, оние кои се осмелиле и употребиле туѓи фотографии и податоци без дозвола.
Кога се обратила во полицијата за помош, од таму ѝ рекле дека не можат да направат ништо, бидејќи е полнолетна.
Целото обраќање на Ана, погледнете го во нејзиното видео:
Фото и Видео: Инстаграм/troublemaker_ak