Го славиме Свети Тихон Задонски: Му се молат оние кои страдаат од депресија, алкохолизам и душевни болести

Свети Тихон Задонски, кој се слави денес, имал гневна природа. Честопати им бил лут на луѓето ќе се покаел, па пак ќе им се налутел. Ја чувствувал својата слабост посилна од било кој друг.

Тој многу се молеше на Бога, Бог да го исправи и да го спаси од таква бесна природа. И навистина, според Божјата промисла, му се случило нешто што го смирило неговиот гнев засекогаш. Така, по една молитва во која тој побара од Бога болест што ќе го излечи од гнев, тој заспа и во сон се виде себеси во храм. Свештеникот излегува од олтарот и носи мало дете покриено со проѕирна марама.

Пришол до детето, го погледнал и го прашал свештеникот како се вика бебето. Свештеникот му одговорил Василиј (што на грчки значи: Цар). Тогаш Тихон ја симна шамијата од детето и го бакнал во десниот образ. Во тој момент детето го удрило со левата рака толку силно што викнал од болка и се разбудил. Почувствувал дека целата лева страна му боли од врвот до дното на телото. Му се заблагодарил на Бога, и оттогаш не се лутел на никого и ништо.

Го викаат и Вороњежски. Роден е во селото Короцка во Новгородската губернија, во 1724 година, во прост селански дом. Во неговата триесет и четврта година прими монашки чин и заради неговите подвизи и големата духовна мудрост добиваше сè поголема и поголема служба, дури најпосле не го ракоположија за епископ Вороњежски. Епископствуваше неполни пет години, а потоа заради слабото здравје се повлече во Задонскиот манастир. Се упокои мирно, во 1783 година, во Задонск, каде што неговите чудотворни мошти почиваат и сега. Голем подвижник на Црквата во Русија, редок пастир, молитвеник и творец на прекрасни духовни дела. 

По својата мудрост, светост и подвиг може да се споредува со големите отци на Православната Црква од древните времиња. Заради многубројните посведочени чуда над неговите мошти, за светител е прогласен најпрво од народот, а потоа и од официјалната Црква, во 1861 година.