Gorenje ви предлага како да ги забавувате децата за време на летниот распуст додека сте зафатени на работа

Конечно започна летниот распуст, кој носи долги денови исполнети со безгрижна забава, но тоа важи само за децата, не и за вас родителите. Родителите покрај деловните обврски имаат уште една дополнителна задача. Тие треба да смислат како да ги исполнат деновите на децата со активности кои ќе бидат забавни, но и корисни и едукативни во исто време. За да ви биде малку полесно, Gorenje дава предлози како можете да ги задржите децата зафатени додека вие работите и како да ги олесните овие предизвици.

Кампување во дневната соба

Една од најомилените летни активности на децата е кампувањето. Сепак, сигурно не сте во можност да ги носите во природа секој викенд, па претворањето на вашата дневна соба во камп може да биде исто толку забавно. Децата, исто така, сакаат да исполнуваат задачи што им овозможуваат да се чувствуваат возрасни и реализирани, така што сеопфатното планирање и организирање ќе направат да се чувствуваат дека се значајни.

Прво треба да направите совршен амбиент, да поставите вреќи за спиење и да направите шатор од ќебиња. Потоа, извадете украсни светилки и дополнително украсете го просторот, а за вечерта можете да искористите и новогодишна елка која ќе има улога на шумски бор. Сѐ што треба да направите е да ги вклучите светилките и да ги подготвите грицките. Во текот на целата вечер можете да уживате во играње друштвени игри, да раскажувате страшни приказни или да уживате во филмски маратон.

Домашни обврски

Ова е, веројатно, најмалку омилената активност на вашите деца. Помагањето низ дома може да биде и многу забавно, а во исто време ги учи децата на одговорност и им дава чувство дека постигнале нешто многу важно. Изведете ја секоја обврска преку активност со различен забавен карактер. Наводнувањето на растенијата нека биде придружено со натпревар во танц, а откако заедно ќе направите список за пазарење, испејте го како оперски пејач. Изнесете го ѓубрето додека скокате на едната нога или поставете тајмер кој може да собере најмногу предмети за една минута. Исто така, кујната може да стане епицентар на вашата забава, така што ќе тостирате лепчиња во Gorenje тостер и подоцна ќе го користите како платно. На нив можете да цртате со џем или други намази и на тој начин да создадете уникатни уметнички дела кои подоцна ќе ги јадете со задоволство.

Тегла против досада

Неизбежно е. На децата им станува досадно за време на летниот распуст. Кога ќе дојде тој момент, заедно направете тегла против досада. Напишете на парчиња хартија што вообичаено сакате да правите и ставете ги сите хартии во теглата. Следниот пат кога ќе ви биде здодевно, извлечете еден од предлозите и ете ви занимација! Можете да возите велосипед или ролери, да ги посетите пријателите, да направите палачинки или мини-концерт дома, сѐ зависи од вас.

Може да биде тешко да се најде рамнотежа помеѓу работата и родителството. Но, со малку планирање и посветеност, можете да ги забавувате децата со часови додека го поминувате тоа време работејќи. Затоа Gorenje подготви голема летна акција со апарати кои се вистински спас во овој период од годината. Искористете го промотивниот период до 31.08.2022 година и нурнете во летото со неверојатни цени!

ПР објава