ОФИЦИЈАЛЕН ПОЧЕТОК НА ТРЕТАТА ГОДИНА ОД ЕКО-ПРОЕКТОТ ,,ПОШУМУВАМЕ ЗАЕДНО ЗА ПОЗЕЛЕНО УТРЕ“ НА dm ДРОГЕРИЕ МАРКТ

Добивај вести на Viber

Еко-проектот „ПОШУМУВАМЕ ЗАЕДНО ЗА ПОЗЕЛЕНО УТРЕ“, кој најголемиот европски дрогериски ланец, dm дрогериемаркт, го започна во 2022 година, со ново урбано пошумување во Битола, успешно влезе во својата трета година. Со помош на дечињата и вработените од градинката „Мајски цвет“ од Битола и вработените од ЈП Комуналец Битола, на 26 април 2024, претставници од компанијата, заедно со претставници од Општина Битола и градоначалникот на Битола го раззеленија дворот на оваа градинка со речиси 100 нови дрвја.


Во склоп на овој еко-проект на dm, минатата година за првпат беше организиран и реализиран ваков тип на урбано пошумување. Заедно со учениците од ОУ „Никола Вапцаров“ од Струмица беше раззеленет училишниот двор на ова основно училиште.


Токму ова убаво искуство од минатата година беше мотив за компанијата при изборот на овогодишната локација за урбано пошумување, бидејќи на овој начин децата, покрај тоа што ќе се едуцираат и ќе дознаваат интересни факти за пошумувањето, и директно учествуваат во садењето и раззеленувањето на нивниот двор, а самиот процес на садењето дрвја во дворот во кој дечињата поминуваат голем дел од престојот во градинката има позитивно влијание за севкупниот детски развој.


„Многу сме среќни што овој проект, кој е значаен за сите нас, успеваме да го доближиме и до најмладите и со нивна помош да направиме едно вакво убаво дело. Со уредување на дворот на градинката „Мајски цвет“ во Битола, не само што правиме добро дело за животната средина, туку и го будиме интересот и љубовта кон природата кај најмалите генерации, а токму тоа е и пошироката цел на овој проект – да засадиме што повеќе дрвја, но и да всадиме здрави навики кај што повеќе наши сограѓани, – изјави Кристина Дуранска, маркетинг-менаџер во dm Дрогерие маркт.


Оваа година проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“ ќе биде поделен на две етапи - пролетно и есенско пошумување, а токму минатонеделната активност е во склоп на пролетната етапа на овој проект. За есенскиот дел од проектот, најавени се уште неколку вакви урбани пошумувања, како и едно масовно пошумување, кое оваа година ќе се реализира во месец ноември во околината на Велес.


Само за потсетување, компанијата dm го започна овој проектво 2022 година, како јубилејна активност по повод 10-годишното работење на dm на македонскиот пазар, кога беа посадени 27.000 садници на 10 хектари површина во скопско Миладиновци. Минатата година, во близина на Кокино беше пошумена опожарена зелена површина со 30.000 нови садници, а исто така беа реализирани и две урбани пошумувања во парк-шумата Гази Баба и во дворот на основното училиште „Никола Вапцаров“ во Струмица.


*Пр објава