Имам привилегија да пијам кафе со цела Македонија: Утринско кафе со Зорица Николовска

Имам привилегија од понеделник до петок, да го пијам првото утринско кафе со цела Македонија, а додека го пијам и уживам во друштво на колегата Тик Так, на Радио 2, разменуваме информации за се важно и се интересно да што треба да се знае. Нашата мисија како тим од утринската програма на Македонско Радио- Радио 2 е да го накитиме лицето на слушателите со насмевка, уште од рано наутро, кога всушност на никој и не му е до смеење, полурасонети, затрупани во гратскиот метеж низ улиците, мислејќи на претстојниот ден и работните обврски. Досега тоа одлично ни оди!

Кога се пак викендите во прашање, уживам во внимателно подготвеното кафе од мојот сопруг, откако претходно сме имале серија гушкање од малите рачиња на Мартин, кој поседува неверојатна енергија секое утро! Тука е најчесто за викенд и неговото братче Иван (мојот посинок) па утрото секогаш ни е забавно и весело. Се бркаат, скокаат, пеат... Баш кога треба за викенд да е релаксирано првото утринско кафе и мирно, настапува темпераментот на мојот син на сцена, па кафето ми е пола на нога, пола на маса, пола за земја.


Ме мотивира, вербата во себе, што само јас знам како да стигнам до тоа што го посегнувам. А тоа е лесно, кога покрај себе сте опкружени со луѓе кои Ви пружаат неверојатна енергија, љубов и поддршка.

На сите ни се случува одвреме навреме (признале или не) да потклекнеме пред предизвиците, но важно е да имаш човек до себе кој ќе ти подаде рака и ќе те потсети колку си вредна и важна. Семејството како најголема мотивација, син ми, чии пример на позитивно однесување, љубезност, добродушност сум јас, сопругот чија несебична љубов ме оддржува насмеана и среќна.

Пријателите, без кои ниедна ситуација или ден не поминува без да го прокоментираме. Понекогаш доволно е само да го отворам мојот инстаграм профил, а таму изобилство на позитивни луѓе, кој знаат како да ти го разубават денот. Од пораки на мајки кои примениле некој совет или имаат коментар за одредена тема која сум ја разработила низ постови или стори, до девојки кои сеуште не стапиле ни во брак, нити пак имаат деца, но им е задоволство да ме следат, поради начинот на кој ја интерпретирам забавната страна на мајчинството.


По завршувањето на утринската програма, остануваат рандом плановите направени претходниот ден и обврските во домот, како и постојаната интеракција, споделување секојдневните случувања и подготовка како и објава на содржина, на профилот на Miss.Mama.Mk (која и не ја сметам за обврска туку ми е задоволство). Иако има денови кога сум растрчана на сите страни, најчесто сакам да посветам време и на домот и на семејството, па се трудам да ги групирам и завршам обврските надвор од домот наеднаш. А кога сум дома, навидум ништо специјално, едноставно секојдневие, ама сте пробале ли да се потготвите за прошетка со 2 годишно дете што трчка наваму- натаму? Да испазарите во супермаркет без да враќате производи на полиците или да кружите околу штандот со играчки? 

Или да направите ручек додека се бунтува зошто не учествува и тој во подготовката? На крај, ќе учествува и тој во се, ама времето да го средам хаосот што Мартин го создал е два пати подолго од подготовката. Од друга страна пак создаваме незаборавни моменти! И никогаш не сум била понасмеана од сега, но и поуморна.


Барем 4 дена во седмицата имаме друштво дома. Кај нас секогаш е гласно и весело! Ама ние така функционираме, со многу луѓе околу нас, дури и кога Мартин беше многу мало бебе, секогаш сме опкружени со многу луѓе.

Во оние денови кога остануваме сами, најчесто играме игри, или правиме некоја активност и му го посветуваме времето на Мартин, бидејќи во текот на денот понекогаш се чуваат со баба додека трчаме низ град по обврски. Задолжително гушкање пред заспивање сите тројца заедно, а подоцна и некоја епизода од популарните серии што ги гледаме со сопругот.


Сликовници и басни се важат како книги? 

И едното и другото. Иако повеќе сум за книга, но не секогаш имам можност и време. Важно ми е многу да читам бидејќи на тој начин вежбам дикција и изговор (што е клучно за мојата работа), ама и сакам да се занесам во добра книга, ама најчесто во последно време читам на глас приказни за Мартин, но од друга страна сакам да бидам во тек и со филмските трендови.

Од друга страна сериите ми се зараза, а најубав подарок ми се карти за театар! 



*Зорица Николовска - Радиоводителка и Инста-мама*