Лежерен изглед и сигурни комбинации: Како се облекоа жените на политичарите и претседателските кандидатки за изборниот ден?

Добивај вести на Viber

Лежерен изглед и сигурни комбинации, одбраа жените на политичарите за изборниот ден во нашата земја...

Изборот на гардеробата е еден вид невербална комуникација преку која со намера или без може да се испрати порака. На изборниот ден, дамите на нашите политичари се погрижиле да ја претстават својата индивидуа преку нивниот сил, но и достоинствено, гордо и претставително да застанат до својата посилна половина.

Изборот на дамите беше од панталони во комбинација со палто како најсигурна комбинација, па се до еднобојни фустани и фустани со цветен принт.

Изборот на боите варираа, некои од нив одеа на посветли варијанти, а дел одбраа потемни, но и комбинација со црно и бело.

Сопругата на Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска за денот на изборите одбра бела варијанта. Бел фустан со интересен дезен на материјалот, светло розов ремен и иста таква боја на чанта и часовник на раката.

Надица, сопругата на Максим Димитриевски се одлучила на изборниот ден да облече сигурна црно-бела комбинација. Бело палто и црни панталони, во комбинација со црни високи потпетици и исто таква боја чанта.

Гордана Силјановска Давкова одбра светла модна комбинација. Беж бојата беше нејзиниот избор, со тоа што помеѓу кошулата и палтото само нијансите беа различни. Изгледот го надополни со марама.

Рози, сопругата на Кристијан Мицкоски се појави во летно издание, со фустан во свело розова боја со цветни апликации од предната страна. Изгледот го надополни со чанта – плик во иста боја како фустанот.

Елена, сопругата на Димитар Ковачевски за изборниот ден одбрала модна комбинација на македонската модна дизајнерка, Тања Кокев. Панталони и палто во риги со светли бои и едноставна лежерна кошула.

Сопругата на Бујан Османи, Валбона се појави во модерно тренди издание. Палто и костим во тегет боја со бела маичка. Валбона изгледот го надополнила со високи потпетици во беж боја и интересна црна „клач“ чанта.

Сопругата на Стевчо Јакимовски, одбрала беж модна комбинација. Палто и панталони во иста боја, бела маичка и марама како моден детал.

Сопругата на Арбен Таравари, Нора за денот на изборите одбрала миди фустан, со бордо боја основа и апликации од цветови. Ваквиот изглед го надополнила со мантил во беж боја и црни лакирани чевли.

Билјана Ванковска за изборниот ден се одлучи за еднобоен зелен фустан, кој го искомбинирала со кафен ремен.

Г.Д.Г

Фото: Фејсбук и Инстаграм