Исплива тајна чувана 38 години: Здравко Чолиќ и Дорис Драговиќ биле во врска? (ВИДЕО)

Љубов на Здравко Чолиќ била хрватската ѕвезда Дорис Драговиќ...

На почетокот на 80-тите една црнокоса ја запалила музичката сцена. Дорис Драговиќ, тогаш член на групата „Море“, никој не оставала рамнодушен, посебно по 1986 година, кога запловила во самостојната кариера. За нејзиниот живот, особено емотивниот, се слушаат различни приказни кои никогаш таа не се обидела да ги демантира. Дури делувало дека ја забавуваат. Прашината се спуштила кога во 1990 година се омажила за ватерполистот Марио Будимир, со кој и денес е во среќен брак.

Кон средината на осмата деценија од минатиот век се зборуваше дека „имала нешто“ со уште една голема ѕвезда на овие простори, Здраво Чолиќ. Тој во тоа време важел за голем заводник, го поврзувале за секоја жена која ќе поминела покрај него. А, кога темпераментката Дорис се појавила во спотот за неговата песна „Ти можеш све, ал' једно не“, некои си го ставиле прстот на челото. Дорис и Здравко дури и на снимањето на хитот „За милион година“ стоеле еден покрај друг, што само ги разгорело озборувањата.


Многу години подоцна, Чола објасни за што всушност станувало збор.

„Тоа беше шоуто „Ти си ми у крви“, кое го снимавме во Делиблатското Песочиште и Нови Сад. Неодамна се сретнавме во загребската телевизија, а Дорис на шега ми кажа: „Јас сум Рушка, се сеќаваш ли на мене?“. Имено, таа беше Рушка во истоимениот спот. Тогаш пееше во групата „Море“. Беше многу згодна, флертувавме малку, ми беше слатко. Жал ми е што поголемиот дел од тој материјал е изгубен“ - кажа легендарниот пејач своевремено за „Вечерни новости“.