Изгубив сè со смртта на мајка ми: Танчерка во шоуто „Суперталент“ растажи со својата животна приказна (ВИДЕО)

Таа на сцената изведе интересен танцов перформанс во кој спои различни стилови, а од жирито доби позитивни реакции и едногласно „ДА“.

Професионалната танчерка Евгенија Добринина (30) оваа недела го растажи жирито и публиката со својата животна приказна во петтата епизода на „Суперталент“.
По потекло од Русија, дипломирала на Академијата за култура и уметност, а родителите ја запишале во училиште за танц како дете.

Таа во емисијата откри дека зад неа е тежок животен пат.

- Немам никој од моето семејство бидејќи ги изгубив сите. Ја изгубив мајка ми овој јануари, па сè уште сум многу емотивна. Сè што не те убива те прави посилен. Мислам дека понекогаш е во ред да си сам и да го слушаш својот внатрешен глас, вели Евгенија. Таа открила дека отишла во Хрватска да започне нов живот и дека сака да отвори своја школа за танцување.

Таа на сцената изведе интересен танцов перформанс во кој комбинираше различни стилови, а доби позитивни реакции од жирито и едногласно продолжи понатаму.

- Ја чувствувам твојата руска душа. Моментот од претставата што најмногу го почувствував и го зграпчив беше класичниот балет. Кога ќе те погледнам како се смееш, гледам нешто зад таа насмевка – ѝ рече Мартина на девојката.



извор:24.sata.hr