Ја исмеваа поради неверниот сопруг и вишокот килограми: Сега се соблече во бикини и на сите им ги затвори устите (ФОТО)

Ева Лонгорија позираше во едноделен костим за капење со синот, а од вишокот килограми поради кој ја исмеваа не остана ништо

Деновите кога на интернет поради нејзиниот изглед ја нарекуваа Ева Лонгорија најстрашна, денес конечно завршија. Поранешната „очајна домаќинка“ би се срамела од својата фигура и далеку помлади од себе, а по последните фотографии се среќаваат само убави комплименти под нејзините објави.

Таа позираше со синот во едноделен бел костим за капење, а на нејзиното тело немаше ни тронка вишок. Познатата актерка не ја симна насмевката од лицето, а во описот на фотката напиша:

„Лето, каде си? Ние сме подготвени!“

И да, Ева навистина има „бикини боди“, но тоа го должи на строгата диета и редовните тренинзи. Имено, не е тајна дека по бременоста многу се здебелила, а интернет троловите ги дочекале нејзините папарацо фотографии „на нож“.

View this post on Instagram

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria)



Впрочем, Ева често беше мета на критики бидејќи во слободното време не изгледаше како во сериите што ја прославија, а поединци отидоа дотаму што ја нарекуваа „грда“.



Сепак, сигурни сме дека сега „вилиците им паднале на под“ кога ги виделе некои од нејзините последни фотографии од венчавката на Бекамови, каде актерката облекла фантастичен фустан со длабок отвор на предната страна, потпишан од никој друг освен Викторија и нејзиното издание беше прогласено за еден од модните хитови.



Таа на прославата дошла со сопругот, мексиканскиот бизнисмен, Хозе Пепе Бастон. Инаку, бракот на Ева со Бастон е трет по ред. Од 2002 до 2004 година беше во брак со актерот Тајлер Кристофер, а од 2007 до 2011 година беше со кошаркарот Тони Паркер.



Нивниот брак заврши неславно кога Лонгорија дозна дека ја изневерил. Многумина потоа застанаа покрај неа и ја оплакуваа поради ситуацијата во која се нашла, но како што и самата подоцна изјави, нејзиниот случај не требаше да се жали. Сега е среќна покрај Пепе, а Ева вели дека тој навистина и е сродна душа.

Нејзиниот сопруг и една од нејзините најблиски пријателки Викторија Бекам и биле најголема поддршка кога по бременоста се здебелила околу 20 килограми, а изгледала многу покрупно со оглед на тоа што е висока само 1,57 сантиметри.

View this post on Instagram

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria)



Ева знаела дека мора многу да промени доколку сака да се врати на старата линија, а актерката се пошегува дека во тој период „јадела само воздух“. Наутро пиела црно кафе со белки од јајце и авокадо, а за ручек биле задолжителни зеленчуци и протеини на скара, како пилешко.

За вечера јадела супа, салата, чили, но акцентот бил ставен на вегетаријанската исхрана. И секако, ништо без вежбање, а таа трчаше секој ден, возеше велосипед и секако неизбежен е пилатес како и кардио вежби со тегови и јога.


Фото: Инстаграм/Профимедиа

Кој би рекол дека има 47 години: 5 изгледи на Ева Лонгорија кои може да ги копирате