Кој би рекол дека има 47 години: 5 изгледи на Ева Лонгорија кои може да ги копирате
Ѕвездата на серијата „Очајни домаќинки“ отсекогаш важеше за неверојатно згодна жена. Сепак и таа последните години имаше проблеми со килограмите, особено по пораѓајот. Во една прилика призна дека имала дури 25 килограми повеќе.
Судејќи по тоа како изгледа денес, не би можело да се каже дека некогаш родила, а ни дека има 47 години.
Таа секогаш внимава на својот изглед, сака проверени комбинации, но знае да изненади и со необични креации, како онаа на македонскиот дизајнер Тони Матичевски.
Овојпат ја имаме во 5 различни модни комбинации, кои може да ви послужат како инспирација и лесно можете да ги ископирате.
1. Костим во јака портокалова боја
2. Тесен фустан во кралско сина боја
3. Ролка и широки панталони во црна боја+ патики
4. Тренерки и капут
5. Блуза и сако, во комбинација со фармерки + впечатливи обувки