Светските ѕвезди се „тепаат“ за креација од нашинецот Тони Матичевски: Повторно ја облече Ева Лонгорија, а Џеј Ло и Пенелопе Круз често носат негови дизајни

Добивај вести на Viber

Актерката Ева Лонгорија на промоцијата на својот нов подкаст каде што разговара со експерти за духовноста, парите, романтиката и родителството, се појави во креција на модниот дизајнер со македонско потекло, Тони Матичевски.

За време на пандемијата, таа сфати дека сака повторно да се поврзе со работите што ѝ се важни, па оттука и името на подкастот, „Поврзувања со Ева Лонгорија“.

Во црна креација која ги открива совршено извајаните нозе од колекцијата на Матичевски Resort 2022, Ева покажа дека и на 47 години има завидна форма.

View this post on Instagram

A post shared by TONI MATICEVSKI (@toni_maticevski)


Тони Матичевски е познат по своите авангардни стилови, а ова не е прв пат Ева да носи негова креација. 

Во 2019 година актерката носеше негов фустан, со асиметричен крој на едно рамо.

А истата оваа крација ја има носено и Пенелопе Круз.

Негови креации носеле и Џенифер Лопез и Бијонси.

А неодамна и Кристен Стјуарт се појави во прекрасна бела крација од Матичевски.

Матичевски е дизајнер со македонско потекло кој живее во Австралија и често е дел од стилските избори на многу познати жени, а во неодамнешното интервју за „Ел“, зборуваше за својата работа:

- Да, моето македонско потекло има влијание, и во создавањето на било која колекција се инспирирам од етно-традицијата во Македонија и нејзината околина. За жал, сега не сум многу упатен во модната сцена во Македонија и во поранешна Југославија. Општ впечаток на луѓето од светскиот моден бизнис е дека Балканот е поднебје на многу креативни луѓе чиј талент не е доволно разбран и искористен  - изјави Матичевски за „Ел“.