Нов тренд за младешки изглед: Џенифер Анистон и тиктокерите вбризгуваат генетски материјал од лосос во нивните лица за да изгледаат помлади
Неочекуван интернет тренд за убавина...
Ако мислевте дека трендовите за убавина не можат да станат полуди - размислете повторно. Според еден неочекуван интернет тренд на Тик ток, па дури и холивудската актерка Џенифер Анистон, вбризгуваат сперма од лосос во нивните лица за да ја подмладат кожата и да ги спречат брчките.
Медицински наречен „plenhiage“, овој третман е осмислен во Јужна Кореја и всушност вклучува ДНК од сперма од риба која се инјектира во вашето лице со помош на мала игла. Застапниците на овој необичен метод сугерираат дека третманот го стимулира производството на колаген во текот на неколку месеци, протеин од витално значење за одржување на кожата полна и млада.
Лорин Бостик, влијателна личност за убавина на Тик ток, е голем обожавател на овој тренд.
- Ова го направив со корејски фацијалист кој работи со микроигли и инјектира семена течност од лосос. Побарајте го на Google, тоа прави вашата кожа да блеска како ништо друго, објави таа на подкастот.
Но, дали е навистина така?
Сертифицираниот дерматолог д-р Хамдан Абдула Хамед вели дека тоа е комплицирана тема, но тој истакнува дека ваквите третмани за лицето имаат некои непосредни придобивки, како смирување на воспалението, кое може да и даде сјај на вашата кожа.
– Некои актерки како Џенифер Анистон се подложија на овој тренд на кожата – изјави тој за „Мирор“, осврнувајќи се на нејзиното интервју за „WSJ“.
- Нормално, ДНК на спермата доаѓа од лососот. Иако самата риба веќе може да помогне при некои проблеми со кожата, како што е воспалението, бидејќи содржи омега-3, спермата од лосос може да помогне во заздравувањето на раните, да ја промовира еластичноста на кожата и да ги намали воспалителните процеси - вели тој.
Медицинските експерти ја користат спермата на овие риби за да направат нешто што се нарекува „полидеоксирибонуклеотиди“ (PDRN), што се однесува на лекови базирани на ДНК. Според претходните истражувања, оваа компонента е покорисна од типичните креми за еластичност на кожата, па дури и за заздравување на раните.
Сепак, д-р Хамед тврди дека неговите долгорочни придобивки допрва треба да се докажат, а некои корисници дури и пријавиле осип и испакнатини по процедурата.
- Некои луѓе пријавиле осип и привремени испакнатини кои можат да траат околу четири дена. Иако овој третман не е штетен, сè уште има ограничени студии за неговите долгорочни придобивки. Мислам дека има и други начини да се забрза зараснувањето на раните, да се залечат воспаленија на кожата и да се постигне еластичност на кожата – истакнува специјалистот.
Меѓутоа, доколку сепак сакате да ја испробате оваа процедура, д-р Хамед препорачува прво да се тестирате себеси за да бидете сигурни дека нема да имате алергиска реакција.
- Задолжително прашајте го дерматологот дали вашата кожа е компатибилна со третманот - истакнува тој и заклучува: - За крај да нагласам дека овој третман треба да го направи стручно лице, особено ако се инјектира. Опасно е да се направи ова без стручно лице бидејќи несоодветните процедури и неправилно ракување со алатките може да предизвикаат повреди или рани.
Фото:ИнстаграмИзвор: Ona.telegraf.rs