Го обликуваат телото, удобни се и толку шик: Како да ги комбинирате хеланките оваа сезона
Доколку сакате да го комплетирате вашиот стил со хеланки оваа сезона, погледнете како најдобро облечените жени во светот ги внесуваат во нивните аутфити
Хеланките, некогаш резервирани за теретана, одамна го пронајдоа патот до поелегантни комбинации, па дури и до стајлингот на познатите трендсетерки.
Покрај тоа што изгледаат многу шик, тие се и практични и погодни за „преобликување“ на фигурата – можат да создадат впечаток на послаба силуета без да го ограничат телото како фармерките.
Иако ги има во сите бои, најпопуларна е црната, која е и најпогодна за комбинирање, особено во поелегантни стилови.
Во колекциите за пролет и лето 2024-та година, хеланки претставија многу брендови, меѓу кои „Acne Studios“, „Alaia“, „Atlein“, а меѓу познатите дами кои често и среќно ги носат се Кендал и Кајли Џенер, Викторија Бекам, Џенифер Лопез, Ирина Шајк. ....
Ги носат во широк спектар на стилови и во комбинации со различни обувки, а секогаш може да ви послужат како инспирација.
Извор: glossy.espreso