УБАВА, ИНСПИРАТИВНА, ВО ЦРНО - обвинителката Фатиме Фетаи во свој стил го прослави 39 роденден

Добивај вести на Viber

Вишата обвинителка Фатиме Фетаи пред два дена го прославила својот 39 роденден. Одличен стајлинг како и секогаш на оваа популарна дама од правосудниот систем на земјава, и бројни гости на забавата. 

Познатата наша лекарка Аспазија Софијанова, судијата Лазар Нанев, нејзините деца, и бројни други видни личности го прославиле роденденот заедно со некогашната специјална јавна обвинителка Фетаи, која јавноста ја памети како симбол на бестрашност во битката против корупцијата во државава. 

Таа за својот роденден одбрала свечен црн фустан, кој одлично прилега на нејзината фигура.

Од својата роденденска прослава Фетаи сподели интересни фотографии на социјалната мрежа фејсбук, а воедно и на неколку јазици им се заблагодарува на сите пријатели и познаници за бројните честитки за нејзиниот роденден. 

Прочитајте на фактор.мк