Триковите на Ева Лонгорија за совршена линија: Две работи се доволни за да изгледате како бомба
Ева Лонгорија ја паметиме како најзгодна „домаќинка“...
Ѕвездата на серијата „Очајни домаќинки“ отсекогаш важеше за неверојатно згодна жена. Сепак и таа последните години имаше проблеми со килограмите, особено по пораѓајот. Во една прилика призна дека имала дури 25 килограми повеќе.
Судејќи по тоа како изгледа денес, не би можело да се каже дека некогаш рдоила, а ни дека има скоро 47 години.
Како Ева ја одржува витката линија?
Првата работа верувале или не е транболина. Таа ја обожува оваа справа, која пред сѐ е наменета за деца.
„Некогаш трчав, повеќе не можам да го правам тоа. Ова е многу подобро за мене. Одлично е за моето тело. Погледнете ме“ - раскажа Ева, коа трамболина носеше и на одмор.
Другата работа на која Ева и придава значење е дефинитивно рамнотежата во исхраната. Ги исфрлила тестото и алкохолот и во принцип ги избегнува јаглехидратите. Во нејзината исхрана доминира зеленчукот, особено спањаќот и кељот, а сака да се почести и со јаткасти плодови во комбинација со јогурт.