Јас сум „риба“, а маж ми не е толку убав, но сепак многу го сакам: „Тој е човек за кој вреди да се умре“

Вистинската љубов не познава граници, како што покажуваат овие две многу различни личности кои се во среќна врска и објавуваат интересни работи од нивниот секојдневен живот на TikTok.

Врската помеѓу Тиктокерката Ева Марц и нејзиниот сопруг Џејмс е извор на постојано чудење за некои луѓе. Ева, која е родена на Филипините, а сега живее во САД со својот партнер и нивните две деца, е позната по тоа што го покажува своето атрактивно семејство на TikTok. Со текот на времето, следбениците на нејзиниот профил почнаа да коментираат за „разликата“ меѓу неа и нејзиниот сопруг Џејмс.


Покрај тоа, неколку од нив ја обвинија Ева дека е со нејзиниот сопруг исклучиво за финансиска корист.

Таа објави смешно видео претходно оваа недела, одговарајќи на еден од коментарите кој напиша: „Мора да е ловец на богатство, бидејќи за убавина сигурно не е со него“. Во видеото се гледа дека Џејмс прави смешни фаци додека тој и Ева се смеат на грубиот коментар.


Други ја пофалија двојката во коментарите, советувајќи ги да ги игнорираат хејтерите.

- Ако се сакате и почитувате, само тоа е важно. И мислам дека вие двајца сте прекрасен пар – напишал еден следач во коментарите.

- Ти и твојот сопруг сте убави однадвор и одвнатре. Не обрнувајте внимание на љубоморните и подли луѓе, тие се лути затоа што се осамени и го сакаат тоа што го имате вие – додал друг во коментар.


- Вие двајца сте толку убави заедно и делувате толку слатко. Игнорирај ги грдите коментари - повтори еден.

- Колку пари ти дава?! – прашал еден, додека друг додал дека „нејзиниот сопруг мора да е многу богат“.

- Што се случува овде - 'Свршеница 90 дена?' друг се пошегува, мислејќи на реално шоу во кое се свршуваат Американец и странец кој сака да добие американска виза.

На една снимка на Ева е прикажана таа во кревет со нејзиниот сопруг како се гушка, со наслов „тој е човек за кој вреди да се умре“.

Таа, исто така, вети дека ќе се бори против троловите кои го нарекуваат „дебел и грд“.

– Контактирајте ме, ќе ви одговорам – му напишала на еден коментатор, пишува Њујорк пост.


Фото: ТикТок/Фејсбук
Видео: ТикТок