Јелена од март работи во ковид болница: Син ми секојдневно ме прашува едно исто прашање

- Сè уште се обидувам да ја имам истата насмевка како пред март...

Јелена Вујанов е една во низата од оние кои се тука за сите нас. Тие ризикуваат секој ден, за да останат верни на нивниот повик затоа што сега ни се потребни повеќе од кога било.

Нејзината дневна работна рутина беше вообичаена до март годинава. Таа работи како медицинска сестра во Зрењанин каде им помага на луѓето секој ден.

На самиот почеток на пандемијата, таа започна да работи во ковид клиника во нејзиниот роден град.
- Имам оток на лицето, малку под окото, блиску до носот... од маската е. Имам разјадени нокти и испукани дланки од средства за дезинфекција и ракавици. Имам чувство дека кожата веќе не е толку нежна како што ми беше тоа.
Имам дете кое ме прашува по секоја смена од 12 часа: „Имаш коронавирус?“
Имам некој што ја чека мојата прегратка, како и јас неговата, и чекаме да се смири ситуацијата, затоа што можеби баш денес сум се заразила.
Па се тешиме, сега ќе биде, па ќе се видиме уште малку. Имам толку многу пријатели по кои копнеам и тие копнеат по мене. Имам родители за кои се грижам толку многу, што почесто би се гледале да живееме на различни континенти. Имам ужасна болка во левото стапало што ја донесов од работа, и дури не ја ни чувствував додека не стигнав дома... Но, сепак се обидувам да ја имам истата насмевка од пред март... Само не знам што ќе ми остане, штом заврши сето ова... - пишува Јелена.

Нејзиниот статус на Фејсбук по девет месеци напорна работа предизвика многу пофалби и пораки за воодушевување.

фото и извор: Фејсбук статус на Jelena Vujanov