„Јерусалема“ во винарски стил: Видеото на винарија „Тиквеш“ со над 100.000 прегледи за еден ден

Предизвикот „Јерусалема“ го обиколи светот, а започна од група танчери од Ангола кои играат на африканскиот хит со исто име, со цел да донесат надеж во овој тежок период на пандемија.

Ниту во нашата земја, светскиот презивик не помина незабележително. Овој пат по повод вчерашниот празник на виното Св. Трифун, винаријата „Тиквеш“ на чело со претседателот на управниот одбор, Светозар Јаневски, и вработените, реши да се приклучи на предизвикот.

Видеото набрзо достигна над 100 илјади прегледи, и многу позитивни коментари.


Предизвиците со кои изминатата година се соочивме сите, инспирираа милион нови начини за пренесување на пораки за надеж, ведар дух, ентузијазам, заедништво.

Tимот на Тиквеш ја испраќа својата благородна порака, раскажувајќи ја македонската винска приказна во ритамот на љубовта и сплотеноста како дел од предизвикот Јерусалема.

Затоа токму денеска, во духот на големиот празник Св. Трифун, додека се закројуваат лозјата со желби за плодна винска година, се надеваме дека ќе успееме да допреме до вас преку оваа видео приказна и дека ќе ја почувствувате нашата страст и енергија за виното и за животот.

На здравје за подобро утре и просперитет! На здравје за новиот род и поубав свет!, стои во објавата на Фејсбук страна на Тиквеш.