Kаде ни се изгубија пријателите: Зборови на Момо Капор што секој треба да ги запамети

фото:Printscreen

Момо Капор мудро зборуваше како се губат пријателите.

Како им завидувам на пријателства стари педесет години - колку само љубов, трпеливост, помирување со грешките, прифаќање на слабоста е потребно.

Пријателите се губат од жените кои ни ги крадат (последен пат сме ги виделе на ергенска забава) и обратно од сопрузите (за жените кои последен пат сме ги виделе на моминска забава), па се губат поради работните места, па ни ги крадат годините, времето, ни ги краде смртта, ги крадат странски земји, ги крадат од нас нивните деца, нивното име во весниците, нивното лице на телевизија, пријателите ни ги крадат нашите зборови за нив, кои сме ги слушнале од трети пријатели.

Одржуваме разнишани пријателства во паника, криејќи ја сопствената слабост и страв да не останеме сами. Повеќето од нашите пријателства се еден вид мизерен договор со совеста, бегство од осаменоста.

Како им завидувам на пријателства стари педесет години! Колку само љубов, трпеливост, помирување со грешките, прифаќање на слабоста беше потребна; колку лукавство да се краде време од работа, амбиција, семејство и попладневно спиење жртвувавме со години - колку разбирање да се одржи оваа слабо, кревко пријателство помеѓу двајца стари луѓе кои се дружат подолого од еден човечки живот, и после сите добри и лоши години!

Двајца старци напладне - всушност две момчиња кои остареле преку ноќ и кои знаат само некои, за нив познати места, минуваат низ забранети порти што ги нема повеќе, и мистериозни тунели во исчезнатите градини, сега и после сè , се дружат секој ден напладне: еднаш едниот плаќа за кафе, друг пат - другиот.

Интересно, за крајот на некое пријателство, секогаш ги обвинуваме другите, никогаш самите себе. Ретко кој од нас мисли за себеси дека можеби има тежок карактер или наклонетост кон нови пријателства.
Што се однесува до мене, старите пријатели се вистинско богатство во мојот живот. Секако, правам и нови познанства, но најмногу ги чувам пријателствата со оние што ме паметат кога сè уште имав темна коса и бев склон кон лудории.

извор:zenskikutak.rs