Пријателите ѝ подготвија роденденско изненадување на Каролина: Пејачката заплака од радост

Македонската дива Каролина Гочева, славеше роденден со нејзините најблиски. По концертот кој го одржа во Велес во саботата, на Каролина најблиските и приредиле изненадување.

Парче торта со свеќичка и песна за „Среќен роденден“, било вистинско изненадување за пејачката. Видео од моментот на Инстаграм сподели нејзината блиска пријателка и стилистка Цаци Паковска.

На видеото може да се забележи и сопругот на Каролина, Михаил.

Тие неодамна беа на патување во Венеција, по повод Венецијанското уметничко биенале.

Фото: Инстаграм

Михаил ѝ го открива светот на уметноста на својата љубов: На кој светски настан се?

Не само музичка, туку и модна икона: Македонското девојче одржа лекција по мода во Венеција