Како е можно - Вера Ванг наполни 73 години и изгледа како да не старее: Сите се убедени дека има 30 години, а таа вели дека сѐ е до храната

Модната дизајнерка Вера Ванг го прослави својот 73-ти роденден и многумина не можат а да не се запрашаат како толку добро изгледа

Вера Ванг на Инстаграм „објави“ фотографии од прославата на 73. роденден. На нив Вера има  розова коса, а е облечена во здолниште и блуза во иста боја.

View this post on Instagram

A post shared by Vera Wang (@verawang)

Луѓето со години се восхитуваат и се прашуваат за екстремно младиот изглед на Вера, поради што лесно би можеле да ја помешаме со 30-годишна жена.

Во една прилика на прашање на една следбеничка, како успева да изгледа така на таа возраст, таа одговори: „работа, спиење, коктел со вотка и избегнување на сонце“.

View this post on Instagram

A post shared by Vera Wang (@verawang)

Дизајнерката често објавува фотографии од своето секојдневие, а според фотографиите од Инстаграм, изгледа дека не се воздржува од повремени „нездрави“ оброци, како пица и крофни, а во 2016 година за InStyle изјави дека нејзините оброци обично вклучуваат омлет со малку тост и сланина, и пудинг од ванила за појадок, пилешка супа со многу зеленчук за ручек и домашна кинеска храна за вечера.
Во интервју за Harpers Bazaar таа откри дека се буди околу осум наутро, но дека таа не е утринска личност и има потреба од најмалку осум часа сон.

„Ми требаат 7 до 8 часа сон, а ако имам среќа, за викенд спијам 10 часа“, вели таа.

А дизајнерката откри уште неколку примери од нејзиното мени.

„Обично тоа е јогурт со свежо овошје или јајца со пилешки колбас, а ако е недела се почастувам со чаден лосос на интегрален леб и еден куп лимони. После тоа кревам малку тегови, не премногу“, рече таа.

Следува ручек во 12:30, а таа тврди дека никогаш не го прескокнува.

„Никогаш не прескокнувам оброци, потребна ми е храна за мозокот“, рече таа и откри што сака да јаде за ручек: „Сакам суши со кафеав ориз и зеленчук, брокула на пареа со пилешко и ориз, салата од артишок или риба.

"Пијам само вода, престанав да пијам сокови пред неколку години. Тоа ми беше најтешко да се откажам", додаде таа.

View this post on Instagram

A post shared by Vera Wang (@verawang)

Рече и дека строго не вечера по 19 часот и 30 минути и дека на вечера излегува во ресторан пет дена во неделата, додека за викендите ги кани пријателите на вечера подготвена од нејзината куќна помошничка, која е претежно кинеска храна.

Исто така, Вера во младоста се занимавала со уметничко лизгање, но денес тврди дека не сака многу да вежба. 

извор:stil.kurir