Како Карлеуша се облекува кога лета со приватен авион: Стил од милион долари

Регионот зуеше за еден од нејзините стајлинзи од приватни летови

Јелена Карлеуша често патува со приватен авион, и за деловни цели и за приватни патувања со семејството или пријателите.

Забележливо е дека нејзините стајлинзи за тие прилики се секогаш многу скапи (иако сега многумина што ја следат ќе се прашаат - кој од нејзините стајлинзи не е скап?),  дека има на себе илјадници евра, понекогаш дури и десетици, односно милиони денари.

За време на последното нејзино патување со приватен авион, поп-sвездата воодушеви со комбинацијата „каубојка со високи потпетици“, а потоа и со стајлингот „нежна русокоса во бела комбинација“.


Но, регионот зуеше за еден нејзин стајлинг од патување со приватни летови!

Станува збор за нејзиниот лет на филмскиот фестивал во Сараево, кога таа носеше фустан „Версаче“ што предизвика лавина коментари. Така се случи, тогаш поединци ја обвинуваа дека го шиела фустанот, дека такво парче не постои во редовната линија и продажба на Версаче.


Ова ја налути Карлеуша, а таа е позната како жесток критичар на оние што носат лажни работи, па затоа таа на социјалните мрежи објави фотографија од фискалната сметка како контра удар, со што докажа дека уредно го купила фустанот во продавницата „Версаче“ во Милано.


- Со што треба јас да се занимавам! Утре во весниците ќе пишува како ударна вест (?!) Дека мојот фустан од Сараевскиот филмски фестивал е всушност ФЕЈК. Во прилог на тоа, приложувам сметка од продавницата Версаче во Милано, како и фискална сметка (првата цифра е замаглена затоа што не сакам да се знае колку е платен фустанот, живеам во сиромашна и напатена земја). Има код, името на фустанот како и датумот на купување - напиша Јелена на својот Фејсбук профил.

Погледнете ги нејзините стајлинзи од приватни авиони, фустанот што го предизвика хаосот, како и фотографијата од фискалната сметка во нашата галерија:

Фото: Инстаграм/karleushastar/telegraf/privatna arhiva