Киното буквално е мое исклучување од реалниот свет: Утринско кафе со Кристина Димитријевска
Денот ми започнува со гушкање со мојот син... Нашата мала утринска идила е нешто без кое не поминува утрото. Моето кафе го пијам заедно со син ми. И тоа е мојата омилена дестинација за првото кафе(покрај него). Се разбира тој ми прави друштво, појадува „Чоколино“.
Мојот син е мојата главна мотивација, моето семејство и можеби уште една личност (се смее).
Денот го поминувам со моето семејство, на работа, дружење со пријателите и задолжително со тренинг.
Последното активирање во денот ми е теретаната после сите обврски... вечерта ја поминувам со моето семејство. А ноќта..? (се смее).
Порано повеќе сакав книги, но сега преферирам филмови! А една од моите омилени активности, е киното. Го посетувам 2 пати неделно, буквално е моето исклучување од реалниот свет.
*Кристина Димитријевска – манекенка*