Ќе ги најдете по цена од 1000 денари: Летиција летово носи само еден модел сандали, совршени ако не сакате штикли
фото: EPA IMAGES
Кога шпанската кралица Летиција ќе се воодушеви од некој модел на чевли, таа ги носи исклучиво само нив, а сега, по серијата шик балетанки, се префрли на удобни сандали кои ја имаат целата моќ на оние со потпетици, но се многу поудобни
Шпанската кралица Летиција, сопругата на кралот Фелипе Шести, секогаш е феноменално облечена, што ѝ обезбеди место на врвот на листата на најдобро облечени жени на планетата, а посебна страст има кон чевлите.
Сака да носи чевли од луксузни модни куќи и прифатливи хај-стрит брендови, а позната е и по тоа што кога ќе се заљуби во некој модел често го носи само тој модел.
Во текот на летната сезона најмногу ја гледаме само во еспадрили, неодамна имаше балетска фаза, а во последно време се сврте кон отворени сандали кои ѝ даваат и удобен чекор и елеганција.
фото: EPA IMAGES
Имено, станува збор за сандали со стабилна блок потпетица, дебела, квадратна потпетица, кои се одлична замена за неудобните чевли со тенки потпетици кога приликата бара елеганција.
Најновите вакви сандали кралицата Летиција ги носеше пред неколку дена, на церемонијата на доделување на наградите на фондацијата „Принцезата од Жирона“, а се работи за модел на брендот „Hugo Boss“ изработен од напа кожа со обложен троен ремен преку стапалото.
Пред тоа, таа беше видена во бела верзија на истите сандали, кои имаат целосна потпетица од 5 сантиметри, па ја издолжуваат фигурата и ногата и изгледаат многу елегантно, но не на сметка на удобноста.
фото: EPA IMAGES
Летиција од Шпанија претходно беше видена како носи и шик сандали од брендот „Other Stories“ кои имаат слична висина на потпетицата како овие два модели, но дизајнот е уште поинтересен благодарение на коженото ремче кое ги поврзува ремените околу глуждовите и над прстите.
Понудата на отворени сандали со блок на потпетица е доста богата, па достапни се најразлични варијанти, во различни бои и опции, а во најпопуларните синџири за чевли во нашата земја летово може да се најдат по цени кои почнуваат од 1000 денари.
Извор: glossy.rs