Коктел фустани и кожени јакни: Стилот на примабалерината Мијалкова

Добивај вести на Viber

Примабалерината Александра Мијалкова е жена со елегантен стил на облекување. Мијалкова негува класичен стил и не експериментира со боите. Црната и белата се нејзина проверена комбинација за јавни настани.

Кога не е на балетската сцена, најчесто ја гледаме во коктел фустани во црна или темна боја, во комбинација со бели детали и дискретен накит. Мијалкова е вљубеник и во кожените јакни, за неформални излегувања во клубови со сопругот или со пријателите се облекува спортски, а црните кожени јакни со или без крзно се исто така дел од нејзините омилени парчиња. 

Примебалерината, викендите ги поминува пешачејќи на Водно, спортски облечена, во друштво на нејзиниот миленик, пес од расата померанец. Во таква неформална варијанта ретко кој може да ја препознае. 

„ Да се биде прва балерина е предизвик. Таа треба да биде пример за добро однесување, професионалност и посветеност. Едноставно, треба да умее да се носи со сите предизвици“, изјави Мијалкова. Таа ретко зборува за својот приватен живот, за сопругот и за синот Јордан. Минатото лето го прослави својот 45-ти роденден.