Легендарниот Мик Џегер наполни 79 години и има 44 години помлада сопруга: Условите на нивната врска го шокираа светот

Легендарниот Мик Џегер вчера го прослави својот 79 роденден! Славниот Британец му пркоси на стареењето - редовно настапува, а изгледа дека не заостанува многу зад своите многу помлади колеги кога е љубовниот живот во прашање.

Имено, врската на Џегер со девојката Мелани Хемрик долго време ја заинтригира јавноста, а причината е разликата во годините меѓу парот. Мик, кој е дури и прадедо, следната година ќе влезе во својата деветта деценија, додека Мелани има 35 години и е значително помлада од повеќето деца на нејзиниот избраник.



Тие двајца се во врска од 2014 година, а условите на таа врска ги шокираат луѓето. Имено, пријателите на Мик Џегер за таблоидите откриле дека Мик и Мелани се во отворена врска, што им дава слобода да се гледаат со другите.

Мик Џегер го користи своето „право“ без да се воздржува, поради што беше во врска со младата продуцентка Нур Алфала, која отворено и ја претставуваше на јавноста и која му беше редовен придружник на концертите. Сепак, тој на крајот ја напушти Нур во 2017 година за да помине повеќе време со Мелани и нивниот син. Инаку, по гласините дека ќе ја остави Мелани за манекенката Маша Руденко, Мик на Мелани ѝ купил луксузна куќа во Њујорк, за која платил седум милиони долари.



Покрај тоа, медиумите пишуваат и дека Мик Џегер е должен да и плаќа на Мелани 15.000 долари месечно за да го чува нивниот син, бидејќи таа се пензионирала од својата работа. Освен тоа, како што пишуваат медиумите, Мик се обврзал да ги сноси сите трошоци поврзани со образованието на неговиот син до 18 години.

Инаку, Мик Џегер има осум деца на возраст од 50 до пет години - тука е ќерката Карис (51), која ја доби со Марша Хант, потоа ќерката Џејд (50) од бракот со Бјанка Џегер, а потоа и ќерката Џорџија (29) и Лизи (37), како и синовите Џејмс (36) и Габриел (23) од бракот со Џери Хол. Тука е и Лукас (22) кој го имаше со Лусијана Морад. Последен во низата е синот Деваро што го доби со Мелани. Покрај тоа, тој има и пет внуци.


Фото: Инстаграм