МАКЕДОНСКА РЕАЛНОСТ: Ниту две минимални, ниту една просечна плата не може да ја покрие минималната кошничка

Расте минималната потрошувачка кошничка во земјава, при што таа не може да биде покриена ниту со две минимални плати кои се движат околу 15.000 денари, ниту со една просечна македонска плата која е нешто над 27.000 денари.

Потрошувачката кошница во октомври изнесувала 33.704 денари, соопшти  Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Кристина Ампева од Здружението „Гласен Текстилец“ од Штип вели дека само се констатира висината на потрошувачката кошничка, но ништо не се презема за зголемување на платите. Нагласува дека трошоците за живот постојано растат. Двајца вработени во текстилниот сектор не можат да си ја дозволат оваа потрошувачка кошничка која чини скоро 34.000 денари, а при тоа станува збор само за основни трошоци.

„Тоа се основни минимални трошоци, а во светот се зборува за плата за живот. Освен храна, сметки, облека, обувки, каде ни се тука пари за култура, за здравството сега во време на корона кога ни требаат повеќе средства и кога многу луѓе или останаа без работа или се со намалени плати? Треба да зборуваме за плата достојна за живот, како во другите земји каде освен стандардните трошоци се пресметуваат и заштеди“, вели Ампева.

Што вели социологот Милева Ѓуровска за оваа тема, прочитајте на Фактор.мк