Малку поинаква кралица: Елизабета II многу ретко e без шапка, но никој не го очекуваше ова

фото:instagram printscreen/Pixsell, Tim Graham

Музејот на восочни фигури во Германија направи малку поинаква кралица од онаа на која јавноста е навикната да ја гледа. 

Пред два дена повторно беше отворен Музејот на восочни фигури Паноптикум во Хамбург. Во оваа прилика се појавија и фотографии од работници кои подготвуваат фигури за повторната изложба, а онаа на кралицата Елизабета Втора (95) предизвикува многу емоции, од шок до смеа.

View this post on Instagram

A post shared by - Alopecia Awareness (@relightalopecia)


Имено, на фотографиите можете да ја видите Сузане Фаербер, директорката на музејот, додека внимателно ја чешла седата коса на фигурата на кралицата.


Само што скулптурата ја нема потполно истата фризура како британската кралица. Во моментот кога Фербер ја тргна познатата розова капа на кралицата - ќелава глава. Најверојатно за да „заштедат“ малку материјал.

View this post on Instagram

A post shared by Alain Terrieur (@chambave)


Овие фигури не треба да се допираат. Сепак, ако некој посетител на музејот ја симне капата на кралицата, може добро да се насмее на она што ќе го дочека под неа.

избвор:24sata.hr