Мангуп беше и остана: Адриан Гаџа не старее, има тело ремек-дело

Сите се сеќаваме на хитовите „Сам се лажам“, „Брилијанти“, „Те молам врати се“, „Заробена“ кои и ден денес се пеат во еден глас, а тогаш младото момче кое ги пееше, денес е вистински заводник. 

Адриан Гаџа беше еден од најпопуларните и најуспешните пејачи, од самиот почеток кога се појави во раните 2000-ти години.


Сепак, по бројните соработки и хитови, следуваше повлекување од македонската сцена, со што акцент стави на албанската сцена и се посвети на правење песни на албански.

Неговиот приватен живот секогаш успешно го криел, особено кога станува збор за љубовта и емотивните врски, но факт е, дека како што многумина велат за него - мануп беше и остана.


Адриан е активен на социјалните мрежи, особено на Инстаграм каде често споделува фотографии. За неколку дена, на 13-ти февруари ќе полни 38 години, но дефинитивно изгледа како да не старее.



На неговите постови често добива коментари дека недостасува на естрадата, со неговиот талент за играње и пеење. Но од друга страна, активен е на ТикТок каде споделува видеа на кој се гледа дека се уште е во форма во поглед на танцувачките способности.


Откако се повлече од музиката, тој е посветен на неговиот угостителски објект во Скопје. Повеќе фотографии од Адриан:





фотографии:instagram