Марија Шерифовиќ наскоро мајка?! Пејачката ја шокираше јавноста со ова!

Пејачката во неколку наврати најавуваше дека сака да ја исполни улогата на родител, а сега е откриено дека се подготвува за ин витро оплодување.

Пејачката Марија Шерифовиќ неодамна откри дека планира да има деца, а јавноста е се пољубопитна и заинтересирана за темата. Таа неодамна откри дека се ближи денот:

- Ова прашање е многу интимно, особено во овој случај. Со нетрпение го чекам тој момент, кој веројатно се ближи. Во принцип, се што има врска со дете е сериозна работа и за тоа нема шеги. Тоа ќе ми се случи на многу плански начин, кога ќе бидам подготвена да ја потчинам суштината на мојот живот на Шерифовиќ јуниор - изјави Марија во таа прилика, откривајќи дека сака син, пишува Пинк.рс

А сега се огласи близок извор кој откри нови детали од животот на пејачката:

- Чекаше да ја најде вистинската личност со која ќе одгледа дете, но бидејќи тоа не се случи, а веќе има 37 години, реши да биде самохрана мајка. Животната желба на Марија е да има дете и тоа ќе се случи наскоро, таа ќе избере донатор и ќе се обиде во процесот на ин витро оплодување. Решила да живее со Верица, која ќе и помогне околу детето. Верица едвај чека да стане баба - вели извор близок до пејачката.

Сепак, пејачката сѐ уште не се огласила во јавноста на тема ин витро оплодување.