Култура // Настани
Марјана и Васил го украдоа шоуто на Охрид Фест: Публиката ја забавуваа со оригинален танц на сцената (ВИДЕО)
Сцената на Долни Сарај во Охрид беше местото каде викендов се одржа реномираниот музички фестивал Охридски трубадури.
На 29-то издание на фестивалот, организирани беа фолк, забавна и интернационална вечер. На првата победија Наум Петрески и Зуица Лазова со песната „Не се откажав”. А на интернационалната вечер, победници од жирито беа гостите од Бугарија „Expose“, со песната „This love will last forever”.
И покрај впечатливите кореографии, многуте изведувачи и интересната сцена, се чини дека шоуто го украдоа водителите на фестивалот - Марјана Станојковска и Васил Зафирчев.
Покрај тоа што имаа интересен говор, публиката ја забавуваа на необичен начин со танцување на познати песни. Еве како тоа изгледаше: