Матурантки, не се правете постари со лоша шминка: Совети од познатите стилисти Дадар и Даниел
Сезоната на матурски прослави е во тек, а во овој е период стилистите и модните дизајнери имаат најмногу работа. Александар Билјановски-Дадар и Даниел Николовски, кои се задолжени за изгледот на повеќе домашни познати личности, имаат сличен став, дека матурантките на матурската вечер треба да ја истакнат природната убавина. Најважно според нив е ниту една девојка да не се преправа во она што не е и да изгледа соодветно за своите години. Двајцата познати стилисти за Женски магазин раскажаа кои се најновите матурски трендови за коса и за шминка и колку чини еден пакет за разубавување.
Дадар со години е задолжен за шминката на Кaролина Гочева
„ Најбаран стајлинг за коса е лесно навиткана, речиси растурена коса која изгледа здраво сјајно и негувано за што е потребна претходна нега. Во однос на шминката, многу хајлајтер, убаво истакнати очи и поприродни усни. Тоа е впрочем и тренд во светот, не само кај нас. А бидејќи нашите млади ги следат светските трендови, не сум изненаден од нивните барања и потполно се согласувам со нив“, ни изјави Дадар и додаде кој е неговиот најважен совет за матурантките.
Дадар со Кристина Арнаудова
„ Мојот совет до сите е да не се преправаат во нешто што не се туку напротив, да ја истакнат својата убавина. Голем хит е исто надградбата на природна коса или сосема спротивно, шишана коса до раменици. Солариумот кој ќе даде бронзен и свеж изглед исто така е актуелен, но треба да се внимава да не се претерува. Ноктите и трепките се исто така многу важни, но само како додаток каде што треба и никако премногу. Еден ваков пакет кај нас чини од 3900 до 4700 денари“, вели Дадар.
Со манекенката Мартина Михајловска која неодамна стана мајка
Неговиот помлад колега, Даниел Николовски вели дека оваа сезона, кога е во прашање шминката и фризурата како тренд е препорачливо да се користи минимализамот.
Најредовна клиентка на Даниел и блиска пријателка.- Елена Ристеска
„Тој како алатка за разубавување ќе помогне да се сокријат недостатоците а да се истакне природната убавина кај секое лице. Но, исто така правилата: истакнати усни, нежно нашминкани очи, природен тен и лелеаво средена коса со благи кадрици или сосем права, се полн погодок за сезоната што следи. На матурантките им порачувам да не претеруваат со тешката шминка, доколку ја изработат сами, да не ги нагласуваат истовремено и усните и очите, туку да изберат само еден дел од лицето на кој ќе се стави поголем акцент“, вели Николовски.
Даниел се грижи за изгледот на Антониа Гиговска која годинава е матурантка
Сличен став со Дадар околу природниот изглед на матурантките има и тој.
Важен е природниот изглед
„Ако е матурска вечер не треба да го променат изгледот на своето лице, туку да останат природни со свежи бои кои нема да ги направат повозрасни од тоа што се. Со оглед на тоа дека сите ние како колегиум разговаравме, имаме во предвид и разбирање спрема сите матурантки. Затоа има и специјални промотивни пакети кои матурантките можат да ги искористат и со помош на професионалци да блеснат во полн сјај за оваа исклучително важна вечер за нив“, додава Даниел.
Милица Џаровска