Милица Тодоровиќ ослабе 15 килограми: Ги промени овие 3 работи и ја доведе линијата до совршенство

Добивај вести на Viber

Погледнете како изгледа исхраната на Милица Тодоровиќ, со која успеа да ослабе 15 килограми ...

Исхраната на Милица Тодоровиќ во последните месеци е една од најбараните теми кои припадничките на понежниот пол ги пребаруваат на интернет.

Токму малиот вишок тежина е секогаш најлошата болка за жените, бидејќи е најтешко да се симне. Меѓутоа, за време на вонредната состојба минатата година, Милица цврсто реши да го врати своето тело во форма и да го дочека летото поподготвена од кога било. Таа успеа да ослабе дури 15 килограми, а еве како успеа во тоа ...

- Како и повеќето нејзини колешки, така и Милица се опушти за време на карантинот, не се движеше, уживаше дома, гледаше филмови и консумираше почесто оброци. Вишокот килограми во таа ситуација е сосема очекувана појава. Сепак, таа одлучи да не го дочека летото како буцка, туку да го доведе телото до совршенство, во што и успеа, вели изворот.

Како што понатаму се наведува, пејачката четири месеци била на посебна диета. Таа ја намалила количината на храна што ја консумира, но го зголемила бројот на оброци на дневна основа. Со сето тоа таа тренирала редовно и напорно.

Со желба да им помогне на другите да се ослободат од вишокот килограми, пејачката откри како успеала да ја врати совршената линија.


- Сите знаеме како да ослабеме, но најчесто не го применуваме тоа. Уживам во храната и сакам да јадам! А кога се здебелив, ми пречеа тие неколку килограми вишок. Не се доживував себеси како буцка! Сепак, бев свесна дека она што го правам не е добро за моето здравје, особено затоа што јадењето беше претежно пржено, масно и слатко... Се тоа се „лепи“ полесно со текот на годините, го забавува метаболизмот и може да предизвика разни болести, рече Милица Тодоровиќ неодамна во интервју за „Хит“ каде откри како ослабела.

- Најмногу ослабев за време на самоизолацијата. Имав време детално да се посветам на правилна исхрана, рече Тодоровиќ и истакна дека сега не може ни да замисли да јаде нешто што претходно редовно го консумирала.


Фото: Инстаграм/Милица Тодоровиќ

Се слушам со поранешните свекрви и ден денес: Милица Тодоровиќ прозборе и за бебето