Мислев дека е моја вина, дека јас не требаше да пијам, јас не требаше да се облечам така: Кика Авеиро ја раскажа нејзината приказна
Дали и колку зборот на жената се почитува, дали НЕ е НЕ или НЕ е ДА, зошто некој си зема за право да предомислува, тумачи и разубедува после НЕ?!
Сексуалното вознемирување и злоупотреба на жените не се нови „теми“, но се табу теми.
Неказнивноста, нерагирањето на надлежните институции, стравот на жртвите, но и технологијата придонесоа само повеќе да се развиваат во нови облици, а траумите остануваат исти за цел живот.
Неодобрени од жртвите, експлицитни содржини, на „Јавна соба“ се токму едни од тие облици на сексуално малтретирање, кои повторно ја потресоа јавноста и уште еднаш дадоа до знаење дека секој може да биде жртва.
Без разлика дали се случило физички или виртуелно како во случајов со „Јавна соба“, траумата е сериозна и може да трае цел живот.
Важно е жртвите да соберат храброст и да зборуваат, важно е да пријавуваат, важно е да се зборува на тие теми!
И секој може и треба да даде свој „допринос“ кон уривање на овие табу теми, бидејќи молчењето не носи ништо добро, напротив го продлабочува проблемот.
Токму со овие мисли, инфлуенсерката Кика Авеиро храбро и смело одлучи и таа да ја раскаже нејзината приказна како жртва на сексуално малтретирање.
„Се најдов во ситуација каде што моето НЕ не беше послушено, каде што беше злоупотребена мојата состојба“, раскажува Кика, а ова е нејзината исповед:
*Р.Ж.М