Моделот Мартина Михајловска и бизнисменот Виктор Илоски станаа родители по втор пат: Вешто ја криеа бременоста, добија синче со уникатно име

Поранешната водителка и модел Мартина Михајловска и нејзиниот сопруг Виктор Илоски вчера го добија своето второ заедничко дете.

Двојката бременоста вешто ја криеше од јавноста, па моделката до самиот крај објавуваше модни фотографии на кои воопшто не надѕира стомаче.

Но вчера нејзиниот споруг, познатиот охридски бизнисмен Виктор Илоски објави дека станале родители на синчето Матиас.

За името се вели дека е варијанта на името Матија, име со хебрејско потекло кое потекнува од древното хебрејско име „Mattitjah“, што значи „Божји дар“. Тоа е името на еден од дванаесетте апостоли. 

Од нивниот хармоничен брак ја имаат и ќерката Алана која наполни три години и имаше роденден како од бајките.