Раскошна декорација: Роденден од бајките за ќерката на манекенката Мартина Михајловска

Поранешната водителка и модел Мартина Михајловска и нејзиниот сопруг  Виктор Илиоски го прославија третиот роденден на ќерката Алана.

Огромно двориште украсено како од бајките, со многу балони како виножита, со разни занимливости за децата (тобогани и замок), со сопствена машина за сокчиња и чашки со името „Алана“... навистина судејќи по фотографиите сѐ наликуваше на Холивудски луксуз.

View this post on Instagram

A post shared by Viktor Iloski (@viktoriloski)


Малата палавка уживаше во роденденската забава која ѝ ја приредија мама и тато, а на која присуствуваа многу нејзини другарчиња, Медо и Маша, како и Мики и Мини Маус, на кои таа посебно им се израдува.

Алана секогаш има родендени за паметење, вака изгледаше нејзиниот прв роденден, а вака нејзиниот втор роденден.