Најбогатата дама во Индија плаќа 350 000 евра за чанта: Има 600 слуги, во гаража 169 автомобили, но шокира со воспитувањето на децата

Добивај вести на Viber

Нејзиното име е Нита Амбани, а позната е по тоа што троши неверојатни суми пари на луксузни предмети, па во една прилика купила чанта „Хермес“ за која платила неверојатни 350.000 евра.

Нита Амбани (59) е сопруга на најбогатиот Индиец во светот - Мукеш Амбани. Овој брачен пар со децении го привлекува вниманието на јавноста, а причина за тоа е нивниот екстравагантен начин на живот.

Иако на прв поглед Нита изгледа скромно, бидејќи секогаш се појавува во сари, факт е дека, ако погледнете малку подобро, ќе видите дека и тоа како пука од скапоцености.

View this post on Instagram

A post shared by Nita Ambani (@officenitaambani)


А како Мукеш заработил толку пари?

Мукеш е сопственик на најуспешната индиска компанија, Reliance Industries. Неговиот имот се проценува на 83 милијарди евра. И секако, брачниот пар Амбани ужива во своето богатство како никој друг.

Најбогатиот пар од Индија има гаража во која се сместени нивните 169 автомобили, а домот во кој живеат е проценет на неверојатна милијарда евра. Дури 600 членови на персоналот се грижат се да биде уредено, исчистено, зготвено и многу други работи. Има чистачи, келнери и фитнес инструктори. Една позната индиска дама еднаш дури нарачала 25.000 златни садови за да ги послужи гостите.

Што може да се најде во резиденцијата Антилија во Мумбаи што ја чини една милијарда?

Ова е всушност облакодер кој има 27 ката. Има кино, спа центар, храм, сала за бал, сала за автомобили... Членовите на семејството се релаксираат под туш од вештачки снег, а се заштитени од чувари кои имаат свои посебни станбени единици.



Нита Амбани е учителка и дизајнер на ентериер, сака да троши пари на луксузни предмети и има совршен вкус за чанти. За една чанта „Хермес“ платила дури 350.000 евра. На сопругот му купила луксузен Maybach 62, а милијардерот ѝ подарил млазен авион вреден 60 милиони евра.

59-годишната Индијка обично се појавува во јавноста во традиционална облека, но Картие, Булгари и Гучи се меѓу нејзините омилени модни брендови.

View this post on Instagram

A post shared by Nita Ambani (@officenitaambani)



Нита Амбани е позната и по својата добротворна работа

Таа основаше училиште и болница во Мумбаи, а парот одвои 68 милиони евра за помош за време на пандемијата.

Најбогатиот индиски пар е во брак 37 години, а имаат три деца, два сина и една ќерка, кои се воспитувани многу строго по ригорозни правила. Нита инсистираше на тоа дека децата се воспитувани во скромни услови, добиваат мал додаток додека растат, користат јавен превоз и имаат строги ограничувања за излегување.

А судејќи според се, многу добро знае дека парите не паѓаат од небо и се обидува да им всади вистински животни вредности на своите три деца.

Таа не ги учи децата да бидат екстравагантни, ги лишува од скапи подароци.

Наставничка со беспрекорен стил

Инаку, Нита Амбани е наставничка и дизајнерка на ентериер, а на светот му е позната по љубовта да троши пари на луксузни предмети, особено на чанти.

Така приказната за нејзината чанта Hermès, за која платила 350.000 евра, од бел мат алигатор, ги обиколи сите медиуми, пренесува магазинот Style.

На својот сопруг му купила луксузен Maybach 62, а милијардерот и подарил млазен авион вреден 60 милиони евра.



Foto: preentscreen/Youtube / Инстаграм