ДОАЃА ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА И НЕВРЕМЕ: Еве што нѐ чека од петок

Добивај вести на Viber

Под влијание на умерен топол бран од Африка, од петок, а особено за време на викендот кој доаѓа температурите во Македонија позначително ќе се покачат, па така тие на повеќе места ќе надминуваат 25 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе се искачат  и до 30 степени, локално и до 32, 33 степени, вели метеорологот Славчо Попоски.

„Сепак, краткотрајно стабилизирање на времето ќе имаме само во петок и во сабота, веќе од недела попладне ни следува нов период на многу нестабилно време со чести врнежи и грмежи. Поради загреаната Атмосфера која ќе биде исполнета со енергија поради најавениот топол бран, на повеќе места ќе се создадат услови за посилно невреме со силен ветер, обилен пороен дожд, силни и чести електрични празнења  и покрупен град.

Подетално на Фактор .