,

Модерно семејство: Мартина Михајловска прослави втор роденден на ќерката (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Поранешната водителка и модел Мартина Михајловска и нејзиниот сопруг го прославија вториот роденден на ќерката Алана.

Сопругот на Мартина, охридскиот бизнисмен Виктор Илоски објави фотографии на својот профил на Инстаграм.

-Среќен втор роденден, мое сѐ,  Бог да те благослови и остани каква што си. Знам колку прекрасна и независна ќе бидеш, те сака мноогу тато - напиша тој под фотографиите на неговиот профил на Инстаграм.

А малата Алана е преслатка, и личи и на мама и на тато.

За роденденот е дотерана во тексас комплет и бели патики.

Мама Мартина пак исто така е модерна мајка во кремов комплет.

Алана имаше две торти за роденденот:


Инаку двојката е во брак од 2017-та година, а Мартина вешто ја криеше бременоста.

Поврзани вести:

(ФОТО) Семејство во тон: Мартина Михајловска прослави прв роденден на ќерката во карантин

(ФОТО) Три генерации жени: На кого личи Мартина Михајловска?