Моден фокус // Трендови
Мартина Михајловска со сопругот на меден месец (фото)
Поранешната водителка на естрадниот магазин „Бекстејџ“, манекенката Мартина Михајловска, се омажи со нејзиното долгогодишно момче, охридскиот бизнисмен Виктор Илоски.
По завршувањето на свадбената прослава, парот замина на меден месец, па иако од фотографијата не можеме да ја откриеме локацијата, сепак можеме да заклучиме дека тие изгледаат среќно и вљубено.
Инаку, двојката се вери во октомври минатата година, а првата фотографија од свадбата ја сподели Михјловска на нејзиниот фејсбук-профил.