Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Добивај вести на Viber

Шпаркасе Банка АД Скопје за првпат годинава ќе организира Летна академија Vibe On за студенти, која ќе претставува можност за стекнување нови знаења, запознавање со банкарско работење, со корпоративно и благајничко работење, како и дружење со вработените од Банката.

Летната академија на своите учесници ќе им овозможи едукација во областа на банкарството, размена на искуства и знаења, личен и професионален развој, како и дружење и забава. Станува збор за програма наменета за сите студенти што се во трета или четврта/завршна година од своите додипломски студии како и за студенти што се на магистерски студии на кој било универзитет во земјата. Академијата ќе се одржи во Охрид, ќе трае десет дена, во периодот од 1 јули до 10 јули 2024 година.

Уникатен и особено важен дел од Летната академија е што учесниците ќе бидат дел од програмите за развој на банкарски производи и ќе можат со своите идеи и знаења да придонесат во креирање нови решенија. Истовремено ќе можат да ги покажат своите преговарачки и продажни вештини преку конкретни работни задачи доделени од менторите и да придонесат во креирање целокупна развојна политика на едно комплетно решение.

По завршување на Летната академија, секој учесник ќе добие Сертификат за учество, а учесниците ќе станат потенцијални кандидати за платена практика во Шпаркасе Банка како и за идно вработување.

Сите заинтересирани студенти што сакаат да стекнат теоретско и практично искуство, ќе имаат можност да се пријават на hr@sparkasse.mk во периодот од 14-26 мај и да станат потенцијални учесници во Летната академија организирана од Шпаркасе Банка.

пр објава