Може да се носи за безброј прилики: Фустанот на Јелена Гавриловиќ е парче облека кое секоја жена треба да го има во плакарот (ФОТО)

Познатата српска актерка, Јелена Гаврливоќ ги освои сите не само со одличната глума, туку и со истенчениот моден вкус...

Познатата актерка Јелена Гавриловиќ е една од оние жени кои имаат добро изграден моден стил и кои не сакаат многу да експериментираат.

Таа оваа година ја поддржа манифестацијата „Базарово лице године“, а на свечената церемонија се појави во црна комбинација, на кој никој не остана рамнодушен.

Јелена е една од оние жени за оки многумина велат дека дури и да облече вреќа и во неа би изгледала прекрасно. Сепак, со проверените модни комбинации таа секогаш одново и одново ја изненадува публиката и сите на кои им е моден пример.

Црниот фустан овој пат беше нејзиниот избор. Многу убавиот горен дел во форма на срце направи да го истакне деколтето на еден многу убав и одмерен начин. Должината на фустанот до под колената направи да изгледа префинето, а отворот до средината на бутот ѝ даде доза сексапил.

Околу вратот, убавата актерка имаше впечатлив златно-црн ѓердан, која ѝ даде доза елеганција и направи да изгледа како холивудска ѕвезда.

Целата комбинација ја заокружи со црните високи потпетици со златни детали, кои дополнително ѝ ги издолжија и онака долгите нозе.

View this post on Instagram

A post shared by Jelena Gavrilovic (@jelenagavrilovicofficial)


фото: Принтскин / Инстаграм