Најатрактивната баба на планетата во фармерки изгледа како милион долари: Кралицата Ранија на 53 години покажа шик комбинација

Добивај вести на Viber

Кралицата Ранија од Јордан негува автентична модна изјава, па од неа никогаш не се очекува ништо помалку од беспрекорен стајлинг. Овој пат таа го оправда модниот предизвик кој самата си го постави. Таа се сретна со сопственици на бизниси во „Блдр Спејс“, заеднички простор кој е место за работа на различни сопственици на бизниси и претприемачи, а како и секогаш не‘ воодушеви со својата модна комбинација.

Кралицата Ранија најчесто избира елегантни костими и уште поелегантни фустани, но овој пат реши да излезе од својата комфорна зона. Иако има 53 години и минатата недела стана баба, Ранија носеше шик комбинација која би ја носеле многу девојки помлади од неа.

View this post on Instagram

A post shared by Royal Fashion Police (@royalfashionpolice)

Нејзиниот стајлинг се состоеше од бела кошула со кратки ракави и таканаречени балон фармерки со необичен крој, кои се многу тесни во половината и се прошируваат на дното.

Таа ги спои со штикли од брендот „Manolo Blanik“ и со тоа целата комбинација ја подигна на повисоко ниво. Овие фармерки се навистина многу ефикасни, а според тоа како сакате да ги комбинирате и каде одите, можете да го промените горниот дел од аутфитот.

View this post on Instagram

A post shared by nona (@true_royals_1)

Да потсетиме, јорданскиот престолонаследник Ал Хусеин бин Абдула Втори и принцезата Раџва Ал Хусеин добија девојче кое го крстија Иман.

Својата среќа ја сподели и кралицата Ранија која на социјалните мрежи го напиша следново:

View this post on Instagram

A post shared by Royal Hashemite Court (@rhcjo)

„Фала му на Бога за најголемите дарови... Ни ги просветли нашите животи со нашата скапоцена внука Иман. Господ нека нè заштити. Честитки Хусеин и Раџва, и Бог нека ги исполни вашите животи со благослови и задоволство“.


Фото: Инстаграм/ Youtube - screenshoot