Најголемите трендови за китење на елка оваа година: Како да ја украсите модерно

Ви носиме 15+ начини како да ја декорирате новогодишната елка оваа година по некои од најголемите водечки трендови:

Пред да почнете со украсување најпрво треба да одредите каде е најдобро да го сместите дрвцето (елката). Се препорачува да го поставите во близина на прозор бидејќи најдобро ќе дојде до израз поради природната светлина преку ден. Но ако дневниот престој ви е преполн, а ходникот простран подобра опција е ходникот. Така убаво накитено дрвце ќе поздрави секој уште на самото влегување, а дневниот престој може да го украсите на поинаков начин, со свеќи, светиилки, разни украси. 

Бојата на украси треба да се согласува со нијансата на собата 
Откако го сместивте своето божиќно дрвце, изберете тема која ја сакате оваа година,а  притоа внимавајте боите кои ги избравте да се сложуваат со нијансата на ѕидовите на собата. На тој начин ќе постигнете складен ентериер додека преголемиот контраст ќе остави кичест впечаток. Можете да изберете црвена, комбинација на златна и бела, виолетова и сребрена или плава, изборот е ваш. Со снежно бело дрвце најмногу одговараат плави ,виолетови или сребрени украси, додека зелената боја на дрвцето „ги поднесува“ речиси сите комбинации. Ви продолжение ви  пренеусваме неколку добри комбинации на бои и декорации на елки:

A секако тука се и алтернативните новогодишни елки, како од книги, и слично: